14.06.2023 Скопје
Албанскиот премиер Еди Рама во текот на вчерашниот ден потврди дека заедничката седница на владата на привремените институции на Приштина и на албанската влада, која беше планирана за денес, е откажана бидејќи Албин Курти не се согласил за промена на форматот.
Според Рама, тој го поканил Курти да се сретнат денес, заедно со приштинските министри за одбрана и за надворешни работи, во потесен формат, но премиерот на привремените институции на Приштина инсистирал средбата да се одржи според планираното.
Рама истакна дека меѓународната заедница е на работ да го изгуби трпението и дека брзо може да следуваат казни, па дури и санкции за Приштина и дека побарал од западните земји да не одат на тоа и да му дадат повеќе време.
„Можеби тоа не е конечниот одговор на премиерот. Се надевам дека ќе се сретнеме за да разговараме за нашите позиции“, рече Рама на прес-конференција.
Тој рече дека седницата не може да се одржи во планираниот формат бидејќи не е време да се одржи средба како ништо да не се случува, поради влошувањето на односите меѓу т.н. на Косово и на целата евроатланска заедница.
Тој посочи дека Тирана е „100 отсто“ против начинот на кој дејствува приштинската страна и дека Албанија не е изолирана од европската заедница.
„Односите меѓу Албанија и Косово се братски, но Албанија е земја која е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, која е членка на НАТО и нема шанси Албанија да се оддалечи од евроатлантската заедница“, рече Рама.
Подготвено од А.Ѓ.