28.06.2023 Скопје
На заедничката премиерска конференција на земјите од НАТО, на која присуствуваше и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека изгледите за создавање Донбас среде Балканот поради ескалација е вистинска закана.
И покрај тоа што главна тема на разговор беше војната во Украина, Рама го насочи вниманието кон опасноста што може да биде загрозена во случај на ескалација на тензиите на северот на Косово.
„Значи, сите ние мораме да направиме нешто за да го спречиме тоа со промовирање на дијалогот, доведувајќи го на високо ниво во ЕУ со поддршка на САД и да ставиме јасно до знаење преку НАТО дека КФОР ќе биде таму за да гарантира и да воспостави целосен интегритет во случај на каков било прекин што може да настане поради неодговорна ескалација“, истакна Рама.
Подготвено од А.Ѓ.