volkswagen

21.06.2023 Скопје

Германските автомобилски групи Volkswagen, BMW и Меrcedes-Benz се тужени од невладината организација Европски центар за уставни и човекови права (ЕCCR) за искористување на принудна работа во Кина. Поднесена до Федералната канцеларија за економски прашања и контрола на извозот (BAFA), жалбата ги обвинува компаниите дека не дале докази за соодветно управување со ризикот од принудна работа во нивните погони во Ксинџијанг.

Ова е автономниот регион на северозападна Кина населен со Ујгури, малцинство од исламска вероисповед од турско говорно подрачје, за кое, врз основа на бројни сведоштва, се верува дека е предмет на репресија од страна на властите во Пекинг.

Германскиот закон за синџирот на снабдување ги обврзува компаниите да ја подобрат заштитата на животната средина и човековите права долж глобалните синџири на снабдување. Конкретно, компаниите кои произведуваат во странство или имаат делови од нивните производи произведени таму мора да преземат одговорност за производните процеси и работните услови кај добавувачите.

Како надзорен орган, BAFA ја следи усогласеноста со Законот за синџирот на снабдување и може да ги санкционира прекршителите. Сега, жалбата на ECCR против Volkswagen, Mercedes-Benz и BMW е поддржана од Светскиот конгрес на Ујгурите и Здружението на етички акционери на Германија.

Во однос на жалбата ECCR, од компанијата Volkswagen соопштија дека се изненадени, додавајќи дека ќе ја испитат пред да ја коментираат. За возврат, БМВ соопшти дека „многу сериозно ги сфаќа извештаите како онаа на невладината организација“ и прецизираше дека не е директно активна во Ксинџијанг. Во секој случај, одговорните лица се во контакт со добавувачите и ги повикаа своите конкутенти да ги разјаснат сите сомнежи.

Подготвено од М.Н.

About Author