irak-turcija ne postignaa dogovor za nafta

20.06.2023 Скопје

Вчерашните преговори меѓу делегациите на ирачкото Министерство за нафта и турското Министерство за енергетика, за продолжување на извозот на нафта од Ирачки Курдистан, завршија неуспешно.

Ова утрово го објави курдската национална радио-телевизиска станица, според која меѓу сојузната влада на Багдад и Анкара се уште постојат разлики за различни прашања.

На средбата учествуваше делегација од автономниот регион на Ирачки Курдистан. Според медиумите, Ирак одбива да и плати пенали на Турција за периодот на прекин на извозот на курдска сурова нафта, со образложение дека тие биле блокирани „поради одлука“ на Анкара.

Спротивно на тоа, Багдад ќе ги плати концесиите доколку продолжи извозот преку турските пристаништа.

Турција исто така бара казната што и ја изрече Меѓународниот арбитражен суд во Париз, во износ од 1,5 милијарди долари, да ја плати на неколку рати, а Ирак побара од Турција да одобри продолжување на извозот „како знак на добра волја“.

Подготвено од М.Н.

About Author