promocija

01.06.2023 Скопје

Во галеријата на КИЦ на Република Северна Македонија во Софија, вечер (1 јуни) во 18:30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Неверство“ од македонскиот писател Дејан Трајкоски, преведена на бугарски јазик од Божидар Манов. За бугарските читатели, книгата „Неверство“ излегува како издание на издавачката куќа „Парадокс“. Пред публиката во КИЦ на РСМ во Софија за книгата ќе говори писателката Елена Алексиева, а промоцијата ќе ја води Дарина Анастасова.

Дејан Трајкоски е роден во 1977 година. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. Автор е на романите „Вистина. Љубов. Рашомонијада“ (2012) и „Неверство“ (2014), како и на стихозбирката „Филмски песни“ (2022). Раководител е и главен уредник на издавачката куќа „Прозарт медија“, како и креатор и директор на Меѓународниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ (PRO-ZA Balkan). Работел како новинар, филмски критичар, селектор на филмски фестивал, уредник, издавач. Трајкоски е член на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ, на Друштвото на македонските писатели и на Македонскиот ПЕН-центар. Живее и работи во Скопје.

Романот „Неверство“ ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“ и е преведен на повеќе јазици, меѓу кои: англиски, германски, ерменски, арапски, српски и албански јазик.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author