13.06.2023 Скопје
Соединетите Американски Држави сакаат да им дозволат на тајванските и јужнокорејските производители на полупроводници да ги одржуваат и прошират своите операции во Кина.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира да ги прошири сегашните исклучоци на одредбите кои важат од октомври минатата година, а кои предвидуваат санкции против компаниите кои продаваат микрочипови и технологија за производство на микрочипови во Кина.
На некои производители на кои договорите им истекуваат следниот октомври, веќе им дозволија во неколку компании во последниве месеци да продолжат со производство, вклучително и јужнокорејската Samsung и тајванската Tsmc, за да ги задржат во функција фабриките во Кина во кои инвестираа милијарди долари во минатото.
Според аналитичарите, американската влада можеби станала свесна за тоа како изолирањето на Кина од производството на висока технологија е покомплицирано од очекуваното.
Оваа одлука доаѓа и покрај влијанието што Вашингтон го има врз корејските и тајванските производители на полупроводници, чии бизниси исто така зависат од американската технологија, како и холандските и јапонските производители, чии влади сепак се поподготвени да придонесат во напорите на САД да го ограничат бизнисот со Пекинг.
Подготвено од М.Н.