13.06.2023 Скопје
Од Министерството за одбрана соопштија дека, министерката за одбрана Славјанка Петровска и секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин потпишаа план за соработка во одбраната за следните десет години.
Во соопштението од Министерството за одбрана, наведено е дека новиот план за соработка кој што беше потпишан, ги дефинира областите во македонско-американската одбранбена соработка кои ќе бидат приоритетни во следната декада и преку кои ќе се развива одбраната и Армијата.
Петровска и Остин ја осудија руската агресија врз Украина, а Остин се заблагодари за заложбите на Република Северна Макеоднија за украинскиот народ, за зацврстувањето на источното крило на Алијансата преку учеството во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Бугарија и Романија, како и за безбедноста на регионот преку учеството во НАТО мисијата на Косово, КФОР.
Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, истакна дека Република Северна Македонија е долгогодишен и одличен пријател на САД со кого споделуваат исти интереси и вредности, и дека премногу се гордее на потпишаниот план за соработка во наредните десет години, бидејќи заедно ќе продолжат да ја модернизираат армијата и да се справуваат со глобалните предизвици.
Подготвено од М.Н.