22.06.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода А.А.(36), Н.А.(35) и Е.А.(24), сите од Струмица, соопштија од МВР.
Приведените лица биле затекнати во близина на Струмица како обработуваат засадени стебла марихуана.
На местото биле пронајдени вкупно 29 стебла кои биле одземени од страна на надлежните лица, а исто така, при претрес на лицето Н.А. била пронајдена и марихуана.
Лицата биле задржани во Полициска станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од Министерството.
Подготвено од М.Н.