https://www.facebook.com/photo?fbid=567789335531598&set=a.231255619184973&locale=mk_MK

09.06.2023 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полицијата од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола во текот на вчерашниот ден уапсила две лица кај кои се пронајдени и одземени оружје, муниција и украдени предмети.

При претрес во домот на 26-годишниот К.Ј. од Битола пронајдени се и одземени пиштол „зораки”, две рамки за пиштол и 48 куршуми. Лицето со иницијали К.Ј. било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така во текот на вчерашниот ден при претрес во домот на 43-годишниот В.А., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени муниција и предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 02.06.2023 од страна на неговите малолетни деца.

Со приведените бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признале делото, и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Подготвено од М.Н.

About Author