https://www.facebook.com/photo?fbid=577595654550966&set=pcb.577595741217624

27.06.2023 Скопје

Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево, по претходно добиена судска наредба вчера изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево.

Како што соопшти МВР, при претресот биле пронајдени над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли.

За случајот веднаш е известен Јавен обвинител, и по целосно расчистување и документирање на случајот против лицето П.К. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author