23.06.2023 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија со „Медал за заслуги“ ќе ги одликува Лазар Лечиќ, постхумно Благоја Георгиевски Буштур, Насе Насев, Владимир Богоевски и Борче Костовски.
Од Кабинетот на претседателот Пендаровски, соопштија дека одликувањето се доделува на истакнати спортисти, великани и легенди кои оставиле траен белег на спортските терени и дале огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.
Подготвено од М.Н.