13.06.2023 Скопје
Претседателот на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, Херберт Хаjнер, изјави дека клубот има финансиска моќ да потроши 100 милиони евра на еден фудбалер но дека за да се реализира тој трансвер прво сите коцки мора да се поклопат.
Хајнер јасно не откри дали оваа инвестиција ќе биде во фудбалер од средниот ред како Деклан Рајс од Вест Хем или пак за нов напаѓач од типот на Хари Кејн од Тотнем или Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт.
Претседателот на клубот додаде дека сепак најголема е веројатноста дека ќе се потрудат оваа инвестиција да биде вложена во нов напаѓач, кој ќе донесе убаво и цврсто засилување на целиот тим.
Подготвено од М.Н.