sredba blinken-jimping

19.06.2023 Скопје

Претседателот на Кина, Си Џинпинг, се надева дека посетата на државниот секретар на САД, Антони Блинкен на Пекинг позитивно ќе придонесе за стабилизација на билатералните односи.

Според медиумите, разговорот на Блинкен со шефот на кинеската држава е охрабрувачки знак за заемен интерес за обновување на дијалогот и санирање на влошувањето на билатералните односи.

Блинкен ја повтори потребата да се задржат дипломатските и комуникациските канали отворени за „целиот опсег“ прашања на маса, со цел да се намали ризикот од недоразбирања и грешки во проценките на двете страни.

САД ставија во центарот на разговорите низа прашања кои генерираат загриженост, но и можности за проверка на соработката за меѓународни прашања, каде што можат да се „усогласат“ интересите на Вашингтон и Пекинг.

Блинкен повтори дека Соединетите Американски Држави секогаш ќе ги бранат интересите и вредностите на американскиот народ и ќе работат со своите сојузници и партнери на унапредување на визијата за слободен, отворен свет кој го поддржува меѓународниот поредок заснован на правила.

Кинеската претседател пак, ја сподели важноста за олеснување на трговијата меѓу двете држави.

Подготвено од М.Н.

About Author