https://www.facebook.com/photo.php?fbid=798370178316667&set=pb.100044310762261.-2207520000.&type=3

14.06.2023 Скопје

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва, најави дека следната недела ќе отпатува во Ватикан, на средба со папата Франциско и ќе ја искористи можноста да побара средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Лула за време на прес-конференција соопшти дека, иако не се закажани официјални средби со претседателот Матарела, тој лично ќе инсистира за да оствари средба со претседателот на Италија, бидејќи смета дека треба да ги консолидираат меѓусебните односи и да разговараат за силните врски меѓу Италија и Бразил.

„Имаме 30 милиони Италијанци и потомци овде во Бразил. Мислам дека Бразил е најголемата италијанска земја надвор од Италија“, истакна Лула.

Посетата на Лула во Ватикан е закажана за 21 јуни, среда, а потоа, бразилскиот претседател ќе отпатува за Париз на средба со неговиот француски колега Емануел Макрон каде ќе учествува и на економска конференција.

Подготвено од М.Н.

About Author