https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/45/Alexander_Lukashenko_President_of_Belarus.jpg

28.06.2023 Скопје

Најопасната работа за кризата од минатата сабота во Русија „не е самата ситуација, туку како можела да се развие и какви последици би имала“, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко за време на церемонијата во Палатата на независноста на која присуствуваа највисоките воени лидери.

Белорускиот лидер истакна дека Пригожин остварил телефонски разговор со него и се пожалил дека војската била бесна на командантите бидејќи почнале премногу неорганизирано да одат во напади а со тоа имало премногу загинати војници од таа страна.

Преговорите со Пригожин продолжиле цел ден и по шестата или седмата рунда разговори, Пригожин се согласил да ја повлече својата војска, истакна Лукашенко.

Белорускиот претседател објасни дека бил во постојан контакт со Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), особено со директорот Александар Бортников. Лидерот на Минск тогаш им понуди на Пригожин и на сите негови момци целосна безбедност во Белорусија.

Имаше една последна пречка што требаше да се надмине, односно Бортников, директорот на разузнавањето, да стапи во контакт со Пригожин. Лукашенко го повикал директорот на неговата безбедносна служба, кој стапил во контакт со Бортников и му наредил да му одговори на Пригожин и да го направи тоа што е договорено. Така, доцна вечерта, двајцата разговарале меѓу себе и колоните на Вагнер прво застанале, а веднаш потоа, го започнале враќањето кон Ростов на Дон, изјави претседателот на Белорусија.

Подготвено од М.Н.

About Author