https://www.facebook.com/photo.php?fbid=816161906749750&set=pb.100050678430503.-2207520000.&type=3&locale=mk_MK

13.05.2023 Скопје

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, денеска престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, каде ќе се сретне со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот.

Словенската претседателка Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Словенија.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски соопштија дека, во рамки на посетата на претседателката на Словенија, предвидена е и посета на црквата „Св. Спас“ во Скопје, каде двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Подготвено од М.Н.

About Author