08.06.2023 Скопје
Премиерот на Велика Британија, Риши Сунак, изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Нова Каховка на југот на Украина.
„Не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на тоа“, рече Сунак.
Тој посочи дека доколку се докаже дека браната е намерно урната, тоа ќе биде ново дно.
„Тоа е чин на варварство од страна на руската страна“, рече Сунак.
Руските власти тврдат дека Украина ја саботирала браната Каховка за да го сврти вниманието од неуспешната контраофанзива и да го прекине водоснабдувањето на Крим.
Киев, пак, тврди дека руските сили одвнатре ја разнеле хидроелектричната брана Каховка, која Москва ја стави под своја контрола на почетокот на специјалната воена операција.
Подготвено од А.Ѓ.