01.06.2023 Скопје
Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денес присуствува на свеченото отворање на вториот Самит на Европската политичка заедница, каде главниот фокус е ставен на заедничките напори за мир и безбедност, енергетска отпорност, климатска акција и меѓусебните врски во Европа за подобро поврзан и постабилен континент.
Ковачевски оствари средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, со претседателката на Босна и Херцеговина, Жељка Цвијановиќ, претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу и со премиерот на Албанија, Еди Рама, на која разговараа за актуелните случувања во регионот и важноста за одржување на мирот и стабилноста.
Исто така разговараа и на темата поврзана за потребата од унапредување на регионалната соработка од секој аспект, како основа за развој на економиите, за повеќе странски инвестиции и за подобар живот на своите граѓаните.
Премиерот Ковачевски на самитот исто така се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел. Тројцата соговорници разговараа за забрзување на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на регионот.
Ковачевски нагласи дека силната поддршка од меѓународните партнери и поддржувачи, кои го препознаваат напредокот на државата е од многу важно значење, бидејќи иднина на Република Северна Македонија е во ЕУ, и граѓани заслужуваат европска иднина и подобар животен стандард.
Подготвено од М.Н.