09.06.2023 Скопје
Максималната малопродажна цена на дизелот и бензинот во Србија ќе биде за два динари повисока во следните седум дена.
Тоа значи дека дизелот ќе чини 184 динари, а бензинот 178 динари за литар.
Владата на Србија ја продолжи регулативата за ограничување на цените на нафтените деривати до крајот на месецот.
Нови цени се објавуваат секој петок до 15:00 часот.
Подготвено од А.Ѓ.