https://www.facebook.com/photo/?fbid=584588620455243&set=pb.100067123301845.-2207520000.

26.06.2023 Скопје

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, го потпиша меморандумот кој предвидува преку “Проектот за изградба на ски-центар и развој на ски-туризам на Осоговски Планини”, утврдените понатамошни чекори да придонесат за ставање во функција на одличните природни услови на регионите за развој на еден целогодишен туристички ресорт преку развој на ски и планинскиот туризам.

Владата на Република Северна Македонија даде поддршка и одобрување на проектот, препознавајќи го како национален стратешки приоритет кој ќе го придвижи социо-економскиот развој на регионот и на државата.

Потпишан е и “Меморандум за соработка” помеѓу Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и шесте општини од Североисточен и Источен плански регион Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Штип, Кочани и Македонска Каменица.

Подготвено од М.Н.

About Author