27.06.2023 Скопје
Судот во Минхен го осуди поранешниот извршен директор на германската автомобилска групација Ауди, Руперт Штадлер, на условна затворска казна од една година и девет месеци за неговата вмешаност во дизел скандалот што го зафати Фолксваген.
За време на неговото судење, Штадлер призна дека е виновен за измама затоа што не ја запрел продажбата на автомобили со трик уреди за контрола на загадувачките емисии.
Поточно, поранешниот извршен директор изјавил дека не бил запознаен дека возилата биле манипулирани и дека како резултат на тоа биле повредени купувачите. Штадлер додаде дека можел да интервенира, но се воздржал од тоа и многу зажалил.
Според тоа, поранешниот извршен директор е првиот од директорите на германската автомобилска групација Фолксваген кој пред судот го призна обвинението за измама со пропуст во скандалот со дизелот. Признанието е резултат на договор меѓу обвинетиот и судиите.
Во замена за признавање на вината, Штадлер избегна затворска казна и доби условна казна. Дополнително, поранешниот извршен директор на Aуди ќе треба да плати и казна од 1,1 милион евра.
Подготвено од М.Н.