kristi vtor pat podnese kandidatura za pretsedatelski izbori na sad

01.06.2023 Скопје

Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, од Републиканската партија, вчера ја објавил својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024 година.

Оваа информација ја соопштија тамошните медиуми, повикувајќи се на извори блиски до политичарот. Соопштението се очекува да биде објавено на говор на колеџот Сент Анселм во Манчестер, Њу Хемпшир.

Кристи веќе еднаш се кандидираше за републиканските прелиминарни избори во 2016 година, но беше поразен од тогашниот претседател Доналд Трамп.

Републиканецот сега по втор пат се кандидира за претседателски избори, и веќе се подготвува за предизборна кампања.

Подготвено од М.Н.

About Author