06.06.2023 Скопје
Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, ја доставил до Федералната изборна комисија потребната документација за да ја започне својата изборна кампања за претседателските избори во 2024.
Официјалното објавување во моментов е закажано за среда, на 7 јуни, непосредно пред претседателската дебата во која поранешниот потпретседател ќе учествува на националната американска телевизија.
Пенс ќе се кандидира на републиканските прелиминарни избори заедно со долгата листа на кандидати, во која моментално е и поранешниот претседател Доналд Трамп, Гувернерот на Флорида Рон ДеСантис, поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации, Ники Хејли, Сенаторот Рик Скот од Јужна Каролина, поранешен гувернер на Арканзас Аса Хачинсон, и претприемачот Вивек Рамасвами.
Покрај Пенс и гувернерот на Северна Дакота, Даг Бургум, исто така, се очекува да ја објави својата кандидатура за претседателските избори во текот оваа недела.
Подготвено од М.Н.