poraneshen policaec penzionar na fakultet

28.06.2023 Скопје

Ахмет Риза Очал, пензиониран полицаец кој живее во Елазиг, Турција, сака да студира на универзитет, па и покрај неговата напредна возраст, го полагал тестот заедно со други, многу помлади, студенти за да добие можност да се запише.

Овој 76-годишен Турчин, татко на три деца, изјави дека одлучил да полага испит за високообразовни институции (YKS) за да студира.

Како што рече, во текот на животот поради работа и разни други причини не можел да го оствари сонот да студира на факултет.

Меѓутоа, по пензионирањето долго размислувал за конечно да започне со студии и да го оствари својот детски сон.

„По завршувањето на воениот рок, како матурант имав право да се вклучам во полициска професија. Откако ја започнав кариерата и основав семејство, не можев да го продолжам образованието. Го изгубив синот. Откако се пензионирав, го земав испити за да го остварат мојот сон и тогаш добив диплома за средно образование“, изјави овој поранешен полицаец.

Тој додаде дека со својата напорна работа и упорност сака да биде пример за другите, особено за младите, истакнувајќи дека ги советува сите луѓе постојано да се едуцираат и да се усовршуваат.

Тој ја изрази својата среќа што со полагањето на испитот направил важен чекор кон станување студент.

„Сакам да им покажам на сите млади дека никогаш не е доцна за одење на училиште. Младите треба да знаат дека одењето на училиште секогаш ќе дава резултати“, вели овој упорен Турчин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author