19.06.2023 Скопје
Најмалку две лица загинаа, а повеќе од десет се повредени како резултат на стампедо предизвикана на стадионот Котону по квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп одигран меѓу репрезентациите на Бенин и Сенегал.
Фудбалската федерација на Бенин во соопштение потврди дека има загинати на натпреварот, но не го прецизираше бројот на жртви.
Според првите реконструкции, стампедото било предизвикано од преголемиот број на присутни на стадионот, за да го следат натпреварот кој завршил нерешено, а влезот на стадионот бил слободен.
Стадионот Котону е најголемиот во Бенин, и има капацитет од 35.000 седишта.
Подготвено од М.Н.