23.06.2023 Скопје
По една цела деценија во АБА лигата, Партизан со 96-85 ја победи Црвена звезда.
Дуелот за титула се играше во фантастична атмосфера пред повеќе од 21.000 гледачи на Партизан.
Партизан во еден момент имаше предност од 21 поен разлика, и се чинеше дека лесно ќе го финишираат мечот, но Црвена звезда успеа да се врати.
Црвено-белите на почетокот од четвртата четвртина намалија на разлика во резултат од -4, се држеа некое време на мала негатива, но тимот на Обрадовиќ повторно се засили и дојде до победа од 96-85.
Пантер со 27 поени беше најефикасен во составот на Партизан, Ледеј постигна 15, додека кај Црвена звезда Добриќ реализираше 18, Бентил 12.
За Партизан ова беше седма титула во АБА лигата со што повторно е на врвот по освоени трофеи во ова натпреварување, Црвена звезда има шест.
Подготвено од М.Н.