23.06.2023 Скопје
Во Владата на Република Северна Македонија денес се одржа средба на која учествуваа министерот за здравство, Фатмир Меџити, заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева, советничката за здравство на премиерот, професор д-р Ана Данева-Маркова, претставници на Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за лекови и медицински средства, претставници од фармацевтските компании, и дел од стопанските комори во земјава, кои се во соработка со Здружението на пациенти на кој се разговараше за можни решенија за ажурирање на позитивната листа на лекови како и за изнаоѓање на одржливо трајно решение со цел поефикасно задоволување на потребите на граѓаните во државата.
Од владината прес-служба соопштија дека присутните дискутирале за здравствен приоритет е да се деблокира роцесот на воведување на нови лекови на листа на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување.
На средбата од присутните бил разгледан и Правилникот за начинот и методологијата за утврдување и донесување на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, кој е донесен во март 2023 година.
Министерот за здравство истакнал дека од следната недела очекува да се формира Комисија и што поскоро да се најде решение за прочистување на листата и нејзино дополнување со нови лекови.
Подготвено од М.Н.