severna koreja zakani sad

26.06.2023 Скопје

Северна Кореја организираше масовни демонстрации во Пјонгјанг и се закани со „одмаздничка војна“ за уништување на САД на 73-годишнината од Корејската војна, објавија севернокорејските државни медиуми.

Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година, беше прекината со примирје, а двете Кореи формално останаа во војна.

Севернокорејското Министерство за надворешни работи ги обвини САД дека „прават очајнички обиди да предизвикаат нуклеарна војна“ со испраќање на стратегиски системи за оружје во регионот.

Северна Кореја ќе ја задржи својата политика на зголемување на производството на моќно нуклеарно оружје, објави официјалната прес-агенција „КЦНА“, на крајот од состанокот на политбирото на Централниот комитет на Лабуристичката партија. Политбирото го повика националниот одбранбен сектор доследно да се придржува до ориентацијата за развој на нуклеарно оружје во согласност со целта за градење нуклеарна сила преку моќно нуклеарно оружје.

За време на состанокот, лидерите на Лабуристичката партија направија сметка и за неуспешниот обид да се стави во орбитата првиот воен шпионски сателит во земјата, односно лансирањето на сателитот, кое не успеа на крајот на минатиот месец, беше опишано како „многу сериозно неуспех“.

Според официјалната новинска агенција, неуспехот на лансирањето, предизвикан од дефект на моторот на втората фаза на ракетата-носач, ги чинеше „тешки критики“ на одговорните за проектот.

Подготвено од М.Н.

About Author