briks - pet zemji baraat priklucuvanje

20.06.2023 Скопје

Пет арапски земји, односно Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Алжир и Египет побараа да се приклучат на групата БРИКС, која моментално ги вклучува Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Ова вчера го објави националната телевизија која е во сопственост на Саудиска Арабија, прецизирајќи дека истото барање го поднеле Иран, Индонезија, Бангладеш и Аргентина.

Во случај сите овие земји да бидат вклучени во групата, вкупниот бруто домашен производ на земјите-членки би достигнал 32,66 трилиони долари, но Кина, сепак, ќе продолжи да биде водечка економија, сама со 59 отсто од вкупниот бруто домашен производ.

Подготвено од М.Н.

About Author