https://www.flickr.com/photos/mindfrieze/2196640900

09.06.2023 Скопје

Министерството за одбрана на САД ги демантираше гласините на медиумите за таен договор меѓу Кина и Куба за создавање центар за електронска шпионажа на островот, изјави портпаролот на Пентагон, Бригадниот генерал Патрик Рајдер, и додаде дека САД „постојано ги следат“ односите меѓу Пекинг и Хавана.

Според некои анонимни извори се вели дека Кина и Куба постигнале таен договор со кој ќе му се овозможи на Пекинг да формира центар за електронска шпионажа на островот на објект кој се наоѓа на околу 400 километри од Флорида, и со тоа ќе им се овозможи на кинеските разузнавачки служби да пресретнуваат електронски комуникации во југоисточниот дел на САД, во област каде што се наоѓаат многу американски воени бази и да го следат и сообраќајот на бродови во таа област.

Во замена, според изворите, Кина ветила дека ќе уплати „неколку милијарди долари“ во касата на Куба, која моментално се бори со акутна економска криза.

Според американските аналитичари, овој договор е постигнат само за да ја вознемират администрацијата на претседателот Џо Бајден, кој ја смета Кина за најакредитираниот воен и економски противник на САД во светот.

Владините извори сметаат дека разузнавачките информации за договорот меѓу Пекинг и Хавана за „убедливи“ и веруваат дека шпионскиот центар ќе и овозможи на Кина да пресретнува различни видови на комуникации во САД, вклучително и е-пошта, телефонски повици и сателитски преноси.

Засега не е познато дали администрацијата е во состојба да ја блокира изградбата на овој центар, ниту пак кои се алатките на располагање за да го попречат договорот.

Соочени со слична дилема, Соединетите Држави се најдоа во 1962 година, во времето на кубанската ракетна криза, кога Вашингтон беше блиску до нуклеарна војна со Советскиот Сојуз откако откри дека се гради на островската инсталација на ракетни локации.

Веста за договорот доаѓа во време на висока тензија во односите меѓу САД и Кина, особено откако шпионски балон од кинеско производство беше пресретнат и соборен над Соединетите држави на почетокот на минатиот февруари.

Во последните неколку недели имаше обиди да се иницира смирување меѓу страните, како што експлицитно изјави Бајден минатиот мај на крајот од состанокот на Г7 во Хирошима, Јапонија. Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс минатиот месец беше во тајна мисија во Пекинг, додека советникот за национална безбедност Џејк Саливан во последните денови се сретна со високи кинески претставници во Виена.

Државниот секретар Антони Блинкен, исто така, се очекува да отпатува во Кина во наредните недели, каде што се очекува да се сретне со претседателот Си Џинпинг за да ја реактивира директната линија на комуникација меѓу првите две суперсили, како што беше договорено од лидерите на самитот на Г-20 во ноември 2022 година во Бали во Индонезија.

Подготвено од М.Н.

About Author