30.06.2023 Скопје
Во последните неколку години веќе имавме можност многупати да слушнеме колку скапоцен дел од нашиот екосистем се пчелите. Затоа се многу важни за здравјето на луѓето, но и за економијата воопшто.
Благодарение на пчелите, можеме да уживаме во различни намирници, од јаболка и круши до кафе и ванила. Дополнително, ако носите памук, тоа е можно само затоа што растението памук, од кое се создаваат нишките на вашата облека, е опрашувано.
Освен што ги опрашуваат растенијата, кои се важен дел од здравата и урамнотежена исхрана бидејќи му обезбедуваат на нашето тело влакна и есенцијални витамини и минерали, пчелите ги опрашуваат и оние растенија кои се користат за исхрана на други животни на кои се потпираме за месо. Тие помагаат да се зачуваат екосистемите и биодиверзитетот, така што човечката популација не може да опстане без нив. Освен што учествуваат во процесот на опрашување и на тој начин ни овозможуваат да имаме доволно овошје и зеленчук, пчелите се еден од ретките видови инсекти кои произведуваат храна која потоа ја консумираат луѓето – мед.
Уште од античко време, медот се користи како прехранбен производ, но и во медицината. Може да се користи како подобра алтернатива за шеќер, а сировиот мед може да биде добар извор на антиоксиданси, минерали и ензими. Експертите препорачуваат да измешате една или две лажици мед со сок од половина лимон и зовриена вода и да го пиете додека е уште топол, како чај.
Пчелниот прополис е како лепакот што држи сè заедно. Ја штити кошницата од дожд, студени ветрови и снег, но помага и за зајакнување на структурата и стабилноста на кошницата, спречува болести и паразити да ги заразат кошниците и ги штити од натрапници. Прополисот обично се состои од пчелин восок, плунка, сок и разни растителни производи од областа каде што се наоѓаат. Прополисот има и антибактериско дејство, може да придонесе за намалување на крвниот притисок, промовирање на здравјето на коските, ублажување на несаканите ефекти од сезонските алергии и обезбедува бројни други придобивки за вашето тело кога е вклучен во вашата секојдневна исхрана.
Матичниот млеч е богат со хранливи материи со долга историја во традиционалната медицина бидејќи е познат и по своите лековити својства. Високиот процент на антиоксиданси во матичен млеч е одличен за здравјето на целиот наш организам. Дополнително, матичниот млеч може да помогне во зајакнувањето на нашиот имунолошки систем, да го промовира здравјето на дигестивниот систем, да се бори против воспалението и многу повеќе. Придонесува и за подобрување на кожните состојби како што се акни, егзема и разни воспаленија.
Пчелите комуницираат преку еден вид танц наречен пчелен танц. Со танцување тие ја соопштуваат оддалеченоста на изворот на храна, насоката на храната во однос на сонцето и можните опасности.
Пчелата матица живее две до три години и снесува до 2.000 јајца дневно.
Доколку умре пчелата, пчелите ќе произведат нова матица со избирање на ларвата (ново извелената пчела) и хранење со матична храна – матичен млеч.
Една пчела работничка произведува околу 1/12 лажичка мед во текот на својот живот.
Само женските пчели можат да боцкаат, а работниците најчесто боцкаат.
Во потрага по нектар и полен, пчелите обично летаат помеѓу еден и шест километри, иако можат да летаат и до 13 километри.
Подготвено од А.Ѓ.