panasonik ke proizveduva baterii za tesla

06.06.2023 Скопје

Јапонскиот електронски гигант Панасоник ќе го засили производството на батерии за електрични возила во својата заедничка фабрика во Невада, САД, нејзиниот главен клиент Тесла.

Компанијата ги забрза плановите за зголемување на производствените капацитети како одговор на притисокот од американскиот производител на електрични автомобили, кој неодамна изјави за Панасоник дека е подготвен да купи онолку батерии колку што јапонската компанија може да произведе.

Според извори од компанијата, панасоник енерџи,  која е подружница на Панасоник Холдинг, ќе инсталира 15-та производна линија во Гигафактори Невада, зголемувајќи го локалното годишно производство за 10 отсто од сегашните 38 гигават-часови.

Подготвено од М.Н.

About Author