Image by chandlervid85 on Freepik

07.06.2023 Скопје

Германската федерална статистичка служба Дестатис објави дека фабричките нарачки во Германија неочекувано паднаа за 0,4 отсто во април во однос на март.

Овој резултат значително се разликува од претходната прогноза, која предвидуваше месечен пораст на нарачките од 3,0 отсто.

Новите нарачки за производство на возила – изградба на бродови, вагони, авиони, воени или вселенски летала – паднале за 34 отсто месечно, а нарачките за машини и опрема за 6,2 отсто.

Позитивен раст има кај нарачките за моторни возила и делови за моторни возила, за 2,4 отсто месечно.

Намалување на нарачките од странство е забележано за 1,8 отсто, а од еврозоната за 2,7 отсто, додека домашните порачки се зголемени за 1,6 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author