12.06.2023 Скопје
Македонскиот пијанист со светска кариера, Симон Трпчески, синоќа ја затвори сезоната на Државниот филхармониски оркестар на Солун.
Во Церемонијалната сала на Универзитетот „Аристотел“, под диригентската палка на Милтос Логиадис, на програмата беше и популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Рахманинов, покрај делата од Респиги и Стравински.
На бис, со својот пријател, пијанистот Василис Варвередос изведоа кратко виртуозно шоу, наградувајќи до топлиот прием на многубројната публика.
Како што соопшти Здружението, грчкото оркестарско деби на Трпчески се надоврза на серијата концерти која во последниве 2 месеца го одведе на престижни сцени во САД и Шпанија, регионално во Сараево и Љубљана, а во Женева настапи со најголемиот жив виолинист Максим Венгеров и еден од најпознатите виолончелисти на својата генерација Стивен Исерлис.
Македонскиот пијанист со светско реноме, концертната тура ќе ја продолжи со проектот „Македонисимо“, ќе настапи на фестивалите во Дојран, во Литванија и Германија, а ќе продолжи и во Љубљана со Словенечката филхармонија и диригентот Васили Петренко и во Осор, Хрватска, со Загрепските солисти.
Подготвено од М.Н.