15.06.2023 Скопје
Никој не сака да вози автомобил со лажни резервни делови или да користи лажни лекови кои потенцијално може да го загрозат неговото здравје.
Со цел да се реши овој проблем, компанијата Alitheon разви апликација FeaturePrint базирана на вештачка интелигенција, која е способна да идентификува имитации користејќи една фотографија.
Оваа иновативна апликација е компатибилна со разновидна палета на производи.
Компанијата која стои зад апликацијата наведува: „Планирате да купите сопирачки за автомобил, производ од благороден метал или ретка бејзбол картичка? Дали сте сигурни дека е тоа што мислите дека е? Дали е она што треба да биде? Каква е последицата ако не е? Избегнувајте какво било сомневање, бидете сигурни со FeaturePrint!“
Софтверот FeaturePrint користи фотографии за визуелно снимање и трансформирање на комплицираните површински карактеристики на физичките објекти во различни математички информации. Без разлика дали се работи за запчаници, часовници или колекционерски предмети, секој предмет има свои уникатни карактеристики што го прават препознатлив.
Важно е да се спомене дека оваа апликација не е достапна за преземање преку која било продавница за апликации за паметни телефони, туку е дизајнирана специјално за компании кои бараат уникатните карактеристики понудени од FeaturePrint и деталите за цените не се наведени на официјалната веб-страница.
Апликацијата во Обединетото Кралство веќе ја користи Здружението на лондонскиот пазар на шипки за да ја идентификува и потврди автентичноста на златото.
Подготвено од А.Ѓ.