https://www.facebook.com/photo/?fbid=625454225605787&set=pb.100044236458899.-2207520000.

02.06.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон на самитот во Молдавија, изјави дека Париз и Берлин апелираа до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово.

По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, францускиот лидер на прес-конференција изјави дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори, на кои на 23 април излегоа само три отсто од запишаните гласачи.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека косовските власти се подготвени да го разгледаат барањето на лидерите на Франција и Германија за одржување нови локални избори во четири општини на северот на Косово, но тоа неможе веднаш да се спроведе бидејќи има законски процедури кои претходно треба да се поминат.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак, изјави дека делегацијата од Приштина не сакала да има средба со српската делегација на самитот на европската политичка заедница и дека тоа не е одобрено од другите лидери.

Подготвено од М.Н.

About Author