09.06.2023 Скопје
Унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан го нарече „неприфатлив“ договорот што вчера го постигнаа министрите за внатрешни работи на Европската унија за реформа на миграциската политика.
Орбан истакна дека Брисел ја злоупотребува својата моќ, и дека сакаат насилно да префрлат мигранти во Унгарија, а тоа за него и за неговата држава е неприфатливо.
Вчера вечерта Советот на министри за внатрешни работи на ЕУ постигна договор за новиот Европски пакт за миграција и азил.
Подготвено од М.Н.