https://www.facebook.com/OpstinaAerodrom/photos/a.385323608168415/5649088455125211

13.06.2023 Скопје

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.

Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.

Општина Аеродром упати апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author