29.06.2023 Скопје
Кинескиот шпионски балон соборен од американското воено воздухопловство во февруари, по прелетувањето на територијата на САД, носел бројна опрема за собирање информации, слики и видеа произведени во САД.
Ова го соопштија некои медиуми кои тврдат дека овие информации во врска со истрагата за остатоците од балонот ги имаат добиено од анонимни американски функционери. Според нив, остатоците од кинескиот балон биле анализирани од неколку американски одбранбени и разузнавачки агенции, вклучително и Федералното истражно биро (ФБИ).
Проверките открија дека значителен дел од инструментите биле произведени во САД, тоа би биле некои комерцијални системи, но исто така и некои специјализирани инструменти, кои ја надополнуваат опремата јасно дизајнирана за собирање разузнавачки информации, произведена во Кина.
Сепак, анализите ќе потврдат дека сондата не е дизајнирана да врши метеоролошки истражувања, како што тврди Кина, туку „генијален обид на Пекинг“ да изврши надзорни активности.
Претходно овој месец, пред посетата на државниот секретар Антони Блинкен на Кина, претседателот Џо Бајден привлече критики од републиканците велејќи дека инцидентот со метеоролошкиот балон бил „срамен, а не намерен“.
Подготвено од М.Н.