polska protesti

05.06.2023 Скопје

Илјадници луѓе се собраа вчера во Варшава за да ја одбележат 34-годишнината од првите демократски избори во земјата по војната.

Според извештаите на локалниот медиуми, протестниот марш бил организиран од либералните опозициски партии против „речиси осумгодишното националистичко владеење“, и проценката на медиумите била дека поворката во Варшава е долга најмалку 1,5 километар.

Доналд Туск, лидер на групата Граѓанска платформа, ги покани граѓаните да се приклучат на демонстрациите во последните денови од организацијата.

Доаѓајќи од цела Полска, демонстрантите, облечени во полските бои бела и црвена како и во боите на Европската унија, одговорија на повикот на лидерот на главната центристичка опозициска партија Граѓанска платформа, поранешниот лидер на Европскиот совет и поранешен премиер Доналд Туск, да протестираат против „високата цена на живеење, мамење и лажење, во корист на демократијата, слободните избори и ЕУ“.

Со бели и црвени срца залепени на градите, претставниците на платформата го водеа маршот придружуван од легендарниот водач на првиот слободен синдикат во комунистичкиот свет во 1980-тите, Лех Валенса, добитник на Нобеловата награда за мир во 1983 година.

Освен во Варшава, протести беа организирани и во други градови на цела територија на Полска.

Подготвено од М.Н.

About Author