07.06.2023 Скопје
ОН треба да добијат мандат за спроведување истрага за експлозијата на хидроелектричната брана Каховка, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
„Колку што разбрав, за да се формира истрага со определување на одговорните страни, потребен е мандат од законодавните тела“, изјави Дижарик.
Тој додаде дека „ќе има дискусии и размислувања“ во наредните денови.
Подготвено од А.Ѓ.