08.06.2023 Скопје
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е „шокиран“ од неуспехот на Обединетите нации и Црвениот крст да помогнат по уништувањето на огромната брана Каховка.
Премиерот Денис Шмихал повика на итна помош од меѓународните хуманитарни организации, но ОН и Црвениот крст се уште не се организирани иако ситуацијата е премногу критична во поплавениот регион.
„Ве повикуваме да преземете одговорност за евакуација на луѓето од областа на Херсон која е под руска окупација. Мораме да ги спасиме животите на луѓето кои беа осудени на смрт од окупаторите“, истакна украинскиот премиер.
Зеленски тврди дека тие неможат да се справат со настанатата состојба, бидејќи секогаш кога се во обид да да ги спасат своите луѓе руските окупатори од далечина пукале во нив.
Подготвено од М.Н.