Image by standret on Freepik

14.06.2023 Скопје

Во 2022 година, 3,6 милиони луѓе сакаа работа во Тесла, а беа вработени 29.000 нови работници.

Бројот на вработени во Тесла оваа година би можел да биде помал, бидејќи американската компанија од мај го намалила бројот на огласени работни места.

Шефот на Тесла, Илон Маск, на 15 мај апелираше до „одговорните луѓе во компанијата“ да бидат повнимателни кога објавуваат понуди за вработување и да не вработуваат „многу нови вработени“.

Од тој момент, Тесла објави речиси 1.400 понуди за работа – на различни позиции, а пред се во САД.

Инаку, Маск е еден од првите шефови на големи компании што пред една година предупреди на претстојната рецесија, а во мај годинава изјави дека ситуацијата во светската економија ќе биде „тешка“ во следните 12 месеци.

Според британската агенција, на крајот на 2022 година, во Тесла работеле речиси 128.000 луѓе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author