hong kong komemoracija

05.06.2023 Скопје

Полицијата во Хонг Конг претресла и уапсила десетици луѓе кои во текот на вчерашниот ден се собрале за да ја одбележат 34-годишнината од разбивањето на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Полицајците, според локалните медиуми, уапсиле четири лица под обвинение за „бунтовна намера“ и за нарушување на јавниот ред и мир во близина на паркот Викторија, како и осум политички активисти меѓу кои се Александра Вонг, водечка фигура во демократското движење и Чан По-Јинг, лидер на опозициската партија.

Според локалните медиуми, најмалку 6.000 полицајци биле ангажирани за годишнината, вклучително и оние од одделот за борба против немири и антитероризам.

Во Пекинг, плоштадот Тјенанмен беше преполн со туристи кои се фотографираа под будното око на полицијата и другиот безбедносен персонал.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција изјави дека има намера да реагира на настаните планирани ширум светот за одбележување на годишнината, и додаде дека кинеската влада веќе дошла до „јасен заклучок за политичките превирања во доцните 1980-ти“.

Во Тајван, стотици луѓе беа пристигнати на комеморацијата на Плоштадот на слободата во Тајпеј, каде што беше изложена статуа со наслов „Столбот на срамот“.

Подготвено од М.Н.

About Author