zeleznici ukinati linii

23.06.2023 Скопје

Од ЈП ЖРСМ Инфраструктура, соопштија дека поради работни активности на пругата, возовите на релација Скопје – Велес и Велес-Скопје, нема да сообраќаат во период од 26 јуни до 10 јули.

Во соопштението од ЈП ЖРСМ Инфраструктура стои дека, исклучок ќе има само недела кога возовите ќе сообраќаат според неделен возен ред.

Како што соопштија од Јавното претпријатие, работните задачи што ќе се извршуваат се со цел зголемување на брзината на движењето на возовите и нивната безбедност во иднина.

Подготвено од М.Н.

About Author