biorazgradlivi kesi

26.06.2023 Скопје

Од 1 јули целосно се забранува продавањето на пластични кеси и оксобиоразградливи кеси, дозволени ќе бидат само биоразградливи ќеси. Оваа одлука следи откако беше усвоен новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.

Претставници на производителите на последната средба со министерката за животна средина, Каја Шукова, истакнаа дека материјалот за изработка на биоразградливите кеси е тешко достапен за македонскиот пазар и дека се соочуваат со потешкотии во континуираното призводство на овие кеси.

Претставниците предложија да се ревидира законската регулатива и да се направат поголеми напори за да се обезбедат еднакви услови на пазарот, односно да се спречи нелојалната конкуренција со нудење на бесплатни пластични кеси, а исто така и намалување на надоместокот за биоразградливите пластични кеси, кои би се продавале после 1 јули 2023 година.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани компаниите во земјава произвеле околу 5.000 тони пластична амбалажа, вреќи и ќеси, додека пак од Министерството за животна средина тврдат дека употребата на пластичните кеси е за 10 пати намалена, а особено намалување има во маркетите и тоа за околу 85%.

Подготвено од М.Н.

About Author