ministerstvo za ekonomija oglasi za subvencii

06.06.2023 Скопје

Министерството за економија денес објави три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво.

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека со јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но не повеќе од 250.000 денари по барател.

За оваа мерка се предвидени средства во вкупен износ од 43.000.000 денари.Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини настанати во 2022 и 2023 година, соопшти владината прес-служба.

Со јавниот повик пак за субвенционирање на занаетчии ќе се кофинансираат 40% од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати, но не повеќе од 100.000 денари по барател.За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 5.000.000 денари.

Со јавниот повик за субвенционирање на женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси ќе се субвенционираат претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, кои ќе вработат најмалку две лица(сопственичката на претпријатието и еден вработен), преку кофинансирање на 40% од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари по барател.

Финансиските сретства ќе бидат доделени за развој или набавка на дигитални решенија и технологии со цел дигитална трансформација на деловните процеси или производство и имплементација, адаптација и интеграција на дигитални решенија и технологии. За оваа мерка од Министерството предвидени се средства во вкупен износ од 2.000.000 денари.

На објавените линкови може да се поднесуваат барањата од огласот за субвенции за микро, мали и средни компании, и крајниот рок за аплицирање е до 30.06.2023 година.

https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-mikro-mal.nspx

Линк од огласот за субвенции за занаетчии и вршители на занаетчиска дејност:

https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-zanaetc.nspx

Линк од огласот за субвенции за женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси:

https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-za-subvencionirane-na-zensko-pretpriemnisvo-za-digitializacija-na-delovni-procesi.nspx

Подготвено од М.Н.

About Author