дражженн

12.06.2023 Скопје

Во Шибеник, родниот град на Дражен Петровиќ, во саботата премиерно беше прикажан документарниот филм за легендарниот кошаркар, наречен „Нашето малечко“.

Во киното на отворено, покрај Јадранското Море, на премиерите присуствуваа мајката на Дражен Бисерка, братот Александар Петровиќ, градоначалникот на градот Жељко Буриќ и многу други.

Неодамна беше објавен трејлерот за документарниот филм „Наш мали“ со следнава порака.

„Вечерњи лист со гордост го претставува документарниот филм за Дражен Петровиќ „Нашето малечко“! Овој возбудлив, емотивен документарец на Ивана Губерин, во копродукција на Вечерњи лист, буквално ќе ве остави без зборови. Неверојатна приказна која ќе ве расплаче, ќе ве насмее, ќе ве натера да скокатем, а и да тагувате. За животот на големиот Дражен зборуваат пријатели, соиграчи, навивачи, тренери…“, се наведува во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author