22.06.2023 Скопје
Обединетото Кралство треба да го промени својот пензиски систем за да создаде „супер фондови“ кои можат да преземат контролни удели во големите компании и да ги водат деловните инвестиции, тврди студискиот центар на Фондацијата Резолуција, наведувајќи дека менаџерите мора да бидат подложени на поголем притисок од акционерите и вработените да инвестираат на долг рок.
Според истражувачкиот центар, долгорочниот пад на капиталните трошења на британските бизниси е клучна причина зошто животниот стандард не се подобрува во склад со оние на другите богати нации.
Студискиот центар, исто така, ја повика владата да „притисне на акцелераторот“ на постојните политики за промовирање на консолидација на илјадниците пензиски шеми со мали дефинирани придонеси, каде поголемите фондови подобро би можеле да инвестираат во поризични средства.
Фондацијата ги повика министрите да започнат серија реформи за поттикнување на консолидација во пензискиот сектор.
Подготвено од М.Н.