29.06.2023 Скопје
Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјави дека американската централна банка ќе мора да ја зголеми референтната каматна стапка најмалку двапати до крајот на годината.
Говорејќи на конференцијата на Европската централна банка (ЕЦБ) во Синтра, Португалија, Пауел нагласи дека САД очекуваат ново затегнување на економијата.
Пауел не исклучи дека ФЕД двапати по ред ќе ја зголемува референтната каматна стапка.
ФЕД на јунската седница ја задржа референтната каматна стапка во опсег од 5,0 до 5,25 отсто и истовремено навести дека до крајот на годината може да се зголеми доколку стапката на инфлација не биде на задоволително ниво.
Во првиот квартал, американскиот БДП порасна за 1,3 отсто на годишно ниво, стапката на невработеност во мај беше 3,7 отсто, додека мајската инфлација порасна за 4,0 отсто на годишно ниво.
Подготвено од А.Ѓ.